Португалија вечерва од 20 часот игра против Уругвај во меч од второто коло од групната фаза на Светското првенство. Португалците победија на стартот со 3:2 над Гана, а вечерва со евентуален триумф ќе си обезбедат место во нокаут-фазата.
Португалците се убедени дека ќе ги освојат трите бода против двократниот светски првак, а Бернардо Силва веќе смета дека победиле и откри во чија чест ќе биде тој триумф.
„Оваа победа сакаме да му ја посветиме на Даниело. Тој е фантастичен играч, но и како личност е фантастичен. Затоа сакаме тоа да го направиме за него“, рече играчот за врска на Манчестер сити. Инаку Силва мислеше на Даниело Переира, португалскиот фудбалер кој е повреден.
Покрај тоа што е уверен дека Португалија ќе победи, Силва кажа и многу пофални зборови за Уругвај. „Тие во своите редови го имаат Валверде, кој е еден од најдобрите играчи за врска. Многу е силен, физички јак и е вистински лидер на екипата заедно со Дарвин Нуњес. Секако, и останатите играчи на Уругвај се квалитетни и се во добра форма“, коментираше Силва за денешните ривали.