Фудбалската репрезентација немаше освоено никаков трофеј во првите 75 години од своето постоење, а пред 20-тина години се појави Кристијано Роналдо и сега имаат три пехари, еден од Европско првенство и два од Лигата на нациите.
Со две титули во Лигата на нациите која постои кратко време, тие се најтрофејни. Она што им недостасува е пехар од Светското првенство.
Поранешниот дефанзивец на португалската репрезентација, Бруно Алвеш, изјави дека 40-годишниот Кристијано Роналдо сака да го освои Светското првенство во 2026 година.
„Неговата амбиција сега е да има уште една силна клупска сезона и да биде подготвен за Светското првенство во 2026 година. Тој сака да го освои Мундијалот, а тоа се очекува не само од Роналдо, туку и од цела Португалија“, изјави Алвеш.