Далас маверикс во првиот ден од НБА-пазарот за слободни играчи заврши голема работа. Франшизата од Тексас го обнови договорот со Кристапс Порзингис. Летонецот според петгодишниот договор ќе заработи вкупно 158 милиони долари.
Порзингис од денес е најплатен Европеец во НБА-лигата, надминувајќи го Никола Јокиќ и неговиот договор со Денвер нагетс, кој вреди 143 милиони долари.
Ова продолжување на соработката беше и очекувано, Далас свесно го ангажираше Порзингис во јануарскиот трејд со Њујорк никс иако неговиот договор истекуваше по крајот на изминатава сезона. Летонскиот „џин“ заедно со Тим Хардавеј јуниор и Кортни Ли пристигна во Далас, во замена за Денис Смит јуниор, Весли Метјуз и Деандре Џордан, како и два идни први пикови на драфтовите во 2019 и 2020 година.
Заедно со најдобриот новак за сезоната 2018/19, Лука Дончиќ, Порзингис ќе биде лидер на Далас, а целта ќе биде пласман во разигрувањата во новата сезона.
Mavs-Porzingis deal is official: He gets a five-year, franchise-record $158 million contract.
— Brad Townsend (@townbrad) June 30, 2019