Посебен ден за семејството Шмајхел, Петер веќе не е главен

Искусниот голман на Лестер, Каспер Шмајхел, на денешното реми на Лисиците против Кристал палас се изедначи со неговиот татко Петер по бројот на одиграни натпревари во Премиер лигата. Двајцата имаат по 398 меча во англиското првенство, а ако не се случи нешто непредвидено, веќе в недела, на дуелот со Њукасл, Каспер ќе стане чувар на мрежа Данец со најмногу настапи во една од најсилните лиги на светот.

Каспер Шмахјел е член на Лестер од 2011 година, а најголемиот успех го оствари пред четири и пол години, кога Лестер го шокираше светот со освојување на титула во Премиер лигата. Неговиот татко Петер осум сезони бранеше за Манчестер јунајтед, со кого еднаш ја освои Лигата на шампионите, додека во Премиер лигата освои пет титули.

- Оглас -

Најнови вести