Посебен меч за Модриќ, влегува во едно одбрано друштво на светскиот фудбал

Хрватската фудбалска репрезентација вечерва во Осиек игра против Полска, во второто коло од Лигата на нации. Хрватите во првиот меч загубија на гости кај Португалија и сега се под притисок да ги освојат трите бода.

Овој меч ќе биде посебно значаен за капитенот на Коцкестите, Лука Модриќ. Тој по јубилеен 180 пат ќе биде во националниот дрес и ќе се израмни со Серхио Рамос на второто место на играчи од европските репрезентации, со најмногу настапи за својата земја. Пред Модиќ во европски рамки е само неприкосновениот Кристијано Роналдо кој 213 пати има играно за Португалија.

Во светски рамки има уште неколку фудбалери кои се пред Меси на оваа листа, а Топ 10 во светски рамки изгледа вака: Роналдо 213 меча за Португалија (уште активен), Бадер Ал-Мутава (Кувајт, 196 меча, уште активен), Сох Чин Ан (Малезија, 195 меча, ја заврши кариерата), Лионел Меси (Аргентина, 187 меча, уште аактивен), Ахмед Хасан (Египет, 184 меча, ја заврши кариерата), Хасан Ал-Хајдос (Катар 183 меча, уште активен), Ахмед Мубарак (Оман, 183 меча, ја заврши кариерата), Андрес Гуардадо (Мексико, 181 меч, уште активен), Серхио Рамос (Шпанија, 180 меча, ја заврши кариерата) и Модриќ со 179 одиграни меча за Хрватска.

- Оглас -

Најнови вести