Посебен мотив е да се одигра ова коло на Спортска прогноза

Истекуваат последните неколку часа до почетокот на новото коло од Спортска прогноза. Правилата и подароците се исти, како и досега. За да освоите мобилен телефон iPhone XS треба да ги погодите сите 13 парови кои се дадени на понудата. Еден промашен меч ве носи до мобилен телефон Samsung Galaxy A6 2018, додека со 11 и 10 погодени парови ќе добиете вредносни ваучери од Sport Life обложувалниците.

Последен рок за прогнозирање е 13:30 часот, кога и започнува мечот меѓу Лидс и Шефилд Јунајтед. Лидс во чии редови игра и македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски, е во трка за место кое води директен пласман во Премиер лигата за следната сезона.

Во ова коло има посебен мотив за типување, бидејќи меѓу паровите се наоѓа и големото градско дерби на Милано, меѓу Милан и Интер. Популарното Дерби дела Мадонина се игра утревечер, а Милан ја има улогата на домаќин на „Сан Сиро“. Градските ривали досега одиграле 222 меча, а Интер е малку подобар. „Нераѕурите“ имаат 79 победи, Милан се радувал на 76 средби, а 67 меча завршиле без победник. Интер има дадено точно 300 голови, а Милан досега се израдувал на 297 погодоци.

Освен тековните неделни подароци, константноста во играњето на Спортска прогноза ќе ве донесе чекор поблиску до висок пласман во Генералниот пласман, каде исто така има убави изненадувања за најуспешните на крајот од сезоната.

 

- Оглас -

Најнови вести