Посебен предизвик за прогнозерите нуди 19-тото коло на Спортска прогноза

Големите дербија кои се најдоа во понудата од новото 19-то коло на Спортска прогноза ќе бидат посебен предизвик за најдобрите прогнозери. Токму во вакви ситуации се издвојуваат вистинските познавачи на меѓународниот фудбал.

Вистински предизвик за учесниците во 19-тото коло на Спортска прогноза ќе биде да го погодат исходот на Ајакс – Феенорд, кои се лути амстердамско-ротердамски ривали, а потоа ќе стават точна прогноза на истанбулското дерби Бешикташ – Галатасарај.

Двата спектакли на историски ривали во топ-лигите мора да се видат: Ливерпул – Манчестер јунајтед и Интер – Јувентус.

Овие две дербија имаат дополнителна тежина поради фактот што Ливерпул и Јунајтед засега се најголеми конкуренти за титулата во Премиер лигата, додека Интер и Јувентус се во мисија да го фатат чекорот со водечкиот Милан во Серија А.

Колото ќе заврши в недела, а за сите учесници на Спортска прогноза тука се и резервните двојки, кои се бројат за Генералниот пласман и кои може да влетаат во 13-ката ако некој  меч од основната понуда биде одложен.

- Оглас -

Најнови вести