Шведскиот скокач со стап, Арманд Дуплантис, денеска на свој терен во Стокхолм во рами на Дијамантската лига, постави нов светски рекорд, прелетувајќи 6.28 метри и тоа од прв обид.
За 25-годишниот Дуплантис кој границата ја подигнува сантиметар по сантиметар, ова е 12-ти светски рекорд во кариерата на отворено, а според формата, сигурно нема да биде и последен.
Денешниот рекорд му е посебен, бидејќи првпат успеа да постави светски рекорд во својата земја.