Последните девет дуели на овие два тима биле драма, а Работнички сега не е фаворит

Еуро Никел го пречекува Работнички во дербито од 10. коло на кошаркарското првенство на Македонија. Дуелот се игра во салата „Јасмин“ во Кавадарци, а според квотите во Sport Life, домаќините ја имаат улогата на фаворити.

Еуро Никел сезонава има четири победи и пет порази, додека Работнички е подобар биланс и има шест триумфи и само три неуспеси. Тоа што е карактеристично за дуелите на овие два тима во последните три години одиграле девет меча и секогаш било неизвесно до самиот крај, а најголемата разлика била шест поени.

Последни девет меѓусебни дуели

Еуро Никел – Работнички 88:87 (74:74)

Работнички – Еуро Никел 66:68

Работнички – Еуро Никел 85:79

Еуро Никел – Работнички 83:84

Работнички – Еуро Никел 89:85

Работнички – Еуро Никел 76:74

Еуро Никел – Работнички 78:76

Еуро Никел – Работнички 66:72

Работнички – Еуро Никел 92:87

- Оглас -

Најнови вести