Посигурно од ова не може: Бостон водеше од прва до последна секунда и намали на 2-1 против Мајами (видео)

Бостон селтикс намали на 2-1 во финалната серија на Истокот против мајами хит по триумфот од 117:106. Келтите го имаа резултатот под контрола од првиот напад на средбата, па сè до последната секунда. Жешките ниту еднаш не добија прилика да поведат во мечот, па затоа триумфот на Бостон е сосема заслужен.

Маките за Мајами се појавија пред крајот на првото полувреме кога Бостон влезе во сигурна двоцифрена предност која ја одржуваше до последните минути од мечот. Жешките за момент се надеваа дека можат до пресврт, но стигнаа само до -5 негатива во последната минута, но Смарт реализира осум слободни фрлања во низа и го запечати триумфот.

Браун (26) и Тејтум (25) комбинираа 51 поен за Бостон, со тоа што Тејтум оствари дабл-дабл при 14 скока. На другата страна расположен за игра беше Адебајо со двоен учинок од 27 поени и 16 скока, како и Хиро со 22 поени, но недоволно за Мајами да остане непоразен во оваа серија.

- Оглас -

Најнови вести