По први март ништо нема да биде исто, се менува најконтроверзното офсајд-правило

На први март во Глазгов ќе се одржи состанок на Меѓународниот борд на фудбалската асоцијација (ИФАБ), на којшто можеби ќе се донесат важни одлуки во врска со правилата на фудбалската игра.

Најконтроверзните судиски одлуки во секоја земја во светот во која се игра фудбал се поврзани со офсајд-позицијата, судбината на некој тим се менува поради сантиметри  или и милиметри и затоа од страна на Арсен Венгер, кој е директор за развој во ФИФА, предложено е менување на правилото за офсајд.

Францускиот тренер предлага за офсајд да се смета само доколку целото телото на напаѓачот е пред последниот човек во одбраната, а не како сега, кога само врвот на копачките или носот му е во офсајд.

Доколку овие минимални офсајди одат во историјата, тоа веројатно би придонело за помалку поништени голови и пофер одлуки кои нема да оставаат лутина и сомнежи кај фановите.

На состанокот на ИФАБ ќе се разговара и за јавното објавување на судиските одлуки и целиот стадион ќе може да ги слушне.

Ќе се разговара и за други правила, од кои едното е воведувањето на системот Челинџ како во тенисот, одбојката или кошарката, па тренерите ќе имаат можност да побараат потегот што го сметаат за спорен да биде упатен на ВАР на преглед.

- Оглас -

Најнови вести