Судиска грешка во последниот меч од шампиоантот на Шпанија во сезоната 2013/14 значеше дека Барселона нема да ја освои титулата. Оваа грешка ја призна лично судијата Матеу Лахос, кој беше главен делител на правдата на дуелот меѓу Барселона и Атлетико Мадрид.
Во последното коло токму Барселона и Атлетико Мадрид беа во трка за титулата, а меѓусебниот дуел на „Камп ноу“ беше решавачки. На Барселона ѝ беше потребно победа за да биде првак, додека Атлетико и со реми ќе ја задржеше шампионската позиција.
На крајот, средбата заврши 1:1 и Атлетико Мадрид стана првак. Сепак, имаше една спорна ситуација во 64-тата минута, кога Лионел Меси постигна гол, а судијата Лахор го поништи поради офсајд. Сепак, повторената ситуација покажува дека топката ја удира Хуанфран од Атлетико, што значи дека Меси воопшто не бил во офсајд во таа ситуација и дека погодокот требало да биде признат.
„Згрешив, но тогаш немаше ВАР: Од мојата позиција бев сигурен дека со топката играше Фабрегас, а не Хуанфран. Тогаш бев подготвен со две раце да се обложам дека сум во право. Во ситуациите за офсајд, страничните судиии се задолжени, но ние сме една целина и јас ја носам конечната одлука“, рече Лахор, кој беше познат како еден од најдобрите судии во Шпанија, но често со неговото име беа спомнувани и скандали и спорни ситуации.
Mateu Lahoz el sábado. Ya sabemos el historial que tiene en los Barça-Atleti que deciden Ligas. Esperemos que tenga más suerte esta vez.
No olvidamos lo de 2014. pic.twitter.com/tsDPZoSr3b
— Iniestazo (@INIE8TAZO) May 6, 2021