22.8 C
Skopje
петок, 18 јули 2025

После 16 години призна дека на Меси му должи 50 долари и сега сака да му ги врати

На дуелот против Боливија, Лионел Меси го одигра 148-ми натпревар во дресот на аргентинската репрезентација и со тоа стана рекордер во дресот на јужномаериканскиот тим. Меси за прв пат дебитираше за Аргентина на 17 август во 2005 година, на пријателскиот меч против Унгарија.

Од тој меч, до сега, веќе 16 години Меси е дел од аргентинскиот национален состав, но за жал уште нема освоено голем трофеј. Сите очекуваат Лео да се израдува на еден пехар од големо натпреварување, а шанса за тоа има на тековната Копа Америка, каде Аргентина во четвртфиналето ќе игра против Еквадор.

По повод рекордот на Меси во дресот на Аргентина, медиумите открија една неверојатна анегдота, во која во главна улога е Пабло Алвардо. Тој е фудбалерот кој неколку пати добиваше повик во репрезентацијата на Аргентина, но никогаш не дебитираше во националниот тим.

Алвардо призна дека на Меси му должи 50 долари и тоа веќе 16 години. Некогашниот играч на Сан Лоренцо откри како за повик на еден пријателски меч, сите репрезентативци добивале по 50 долари, а него му дале 100 долари со тоа што требало да ги подели и 50 долари да му даде на Меси.

„Тогаш добив пара од 100 долари и немав ситно 50 долари да му дадам на Меси. Никогаш не успеав да му ги дадам тие 50 долари, затоа што никогаш потоа не се ни сретнавме. Првиот пат кога ќе го видам, ќе му ги дадам тие 50 долари што му ги должам“, откри Алвардо.

 

- Оглас -

Најнови вести