По 8.035 дена, Халанд повторно потпиша за Манчестер сити!

Јасно е зошто Ерлинг Браут Халанд дури денеска потпиша за Манчестер сити, клубот за којшто вели дека навивал цел живот. Иако од поодамна беше јасно дека од Борусија се сели во Сити, Ерлинг сакаше да потпише за Граѓаните на 20-годишнината од потписот на татко му Алфи за Сити.

Точно пред 8.035 дена, на 13 јуни 2002 година, Алфи Халанд од Лидс премина во Сити, а денеска на 13 јуни 2022 неговиот син Ерлинг го официјализира договорот со истиот клуб.

Ерлинг Халанд, кој е роден во Лидс, во првото интервју како играч на англискиот првак рече дека цел живот е фан на светлосините од Манчестер, гледал многу нивни мечеви како дете и таму се чувствува како дома.

- Оглас -

Најнови вести