Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар, тренира заедно со екипата на ПСЖ, па нема да биде чудо ако тренерот Томас Тухел го стави во составот за средбата од француското првенство против Тулуз.
После поразот од Рен, атмосферата во тимот не е добра, а незадоволниот Нејмар сака да си оди, и досега одбиваше да игра за „светците“, вадејќи се на повреди.
Ситуацијата околу негов можен трансфер е статус-кво. Парижаните ги одбија сите понуди од Барселона и Реал Мадрид, а сега некако и шпанските гиганти не се убедени или глумат така, дека сакаат да го земат. Нејмар бара огромна плата, има проблематично стапало, во последно време не кажува јавно дека сака да си оди од ПСЖ, и сето тоа ја замрсува ситуацијата.
После сето ова што го видовме, нема да биде чудо ако Нејмар остане во ПСЖ и оваа сезона. Кој можеше да поверува дека Бејл ќе остане во Реал или Икарди во Интер. Ако тие не ја променат средината, а тренерите кажуваа дека не ги сакаат во тимовите, тогаш и на Нејмар можеби ќе му простат парижани.