11.8 C
Skopje
вторник, 7 октомври 2025

После Бускетс, и Жорди Алба објави завршување на кариерата

Левиот бек Жорди Алба официјално објави дека ќе се пензионира од професионалниот фудбал на крајот од сезонава.

Алба кој има 36 години, го објави ова само две недели откако неговиот долгогодишен соиграч Серхио Бускетс го стори истото, двајцата делеа соблекувална во Барселона, во националниот тим, а моментално и во Интер Мајами.

„Благодарност до Атлетико Центро Хоспиталенсе, каде што сè започна, до Валенсија – клубот што ми даде шанса да дебитирам во Примера Дивизион и до Барселона – клубот на мојот живот, со кој ги остварив моите соништа, освоив сите можни трофеи и доживеав незаборавна деценија. Благодарност и до шпанската репрезентација – горд сум што бев дел од нејзината историја. И, секако, до Интер Мајами – за топлото добредојде и можноста да ја завршам кариерата со насмевка. Сè што постигнав е исто така заслуга за моето семејство и навивачите. Оваа кариера е и нивна. Ве сакам. Денес го затворам ова поглавје, знаејќи дека дадов сè од себе. Фудбалот беше, е и ќе остане суштински дел од мојот живот. Ти благодарам, фудбале, за сè“, емотивно заклучи Алба.

- Оглас -

Најнови вести