Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар нема да може да игра на Копа Америка следното лето. Синоќа му беше направена операција на тешко повреденото лево колено и прогнозите се дека тој на фудбалските терени ќе се врати најрано за осум месеци, паузата може да трае и 10 месеци.
Операцијата била успешна, а траела четири часа.
Нејмар се јави од болницата во Бело Хоризонте и објави фотографија со благодарност за поддршката.
Играчот на Ал-Хилал ,за кого има само пет настапи, се повреди на 17 октомври, на мечот Уругвај – Бразил.
Од клубот сакаа Нејмар да се оперира во Париз, но Бразилецот одлучи да биде опериран од истиот хирург што го оперираше и претходно.