По четиричасовната операција, Нејмар објави фотографија од болничкиот кревет (Фото)

Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар нема да може да игра на Копа Америка следното лето. Синоќа му беше направена операција на тешко повреденото лево колено и прогнозите се дека тој на фудбалските терени ќе се врати најрано за осум месеци, паузата може да трае и 10 месеци.

Операцијата била успешна, а траела четири часа.

Нејмар се јави од болницата во Бело Хоризонте и објави фотографија со благодарност за поддршката.

Играчот на Ал-Хилал ,за кого има само пет настапи, се повреди на 17 октомври, на мечот Уругвај – Бразил.

Од клубот сакаа Нејмар да се оперира во Париз, но Бразилецот одлучи да биде опериран од истиот хирург што го оперираше и претходно.

- Оглас -

Најнови вести