Навивачите на Ливерпул уште ги немаат прежалено заминувањето на Трент Александер-Арнолд во Реал Мадрид, а уште еден квалитетен бек на Црвените може да се пресели во Мадрид, но не во Реал туку во Атлетико.
Новинарот Фабрицио Романо објави ексклузивна вест дека Атлетико е во преговори со Шкотланѓанецот Енди Робертсон. Англискиот првак летово пласира да ја освежи позицијата лев бек со Милош Керкез од Борнмут, па Робертсон во таков случај би бил во втор план, и размислува да си оди.
Атлетико сака да купи лев бек и приоритет им е Робертсон, а наводно и тој е заинтересиран да заигра за Јорганџиите, па разговорите веќе започнале.