После дождот, доаѓа сонце…Фудбалерите тренираа на „Рујевица“ (Фотогалерија)

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва го одржа официјалниот тренинг на стадионот „Рујевица“ во Риека каде утревечер (19 часот) ќе го одигра пријателскиот натпревар против селекцијата на Хрватска, која се подготвува за настап на Европското првенство. Силен дожд ги пречека нашите репрезентативци, но тоа секако не пречеше селекторот Благоја Милевски да им ги претстави идеите за утрешниот дуел.

После дождот доаѓа сонце, па надежите се дека резултатот утревечер ќе биде позитивен за нашиот национален тим.

Фото: ФФМ

- Оглас -

Најнови вести