35.8 C
Skopje
среда, 13 август 2025

После хаосот со лифтот, денеска во Гармиш втора станица од „Четири скокалници“ (Видео)

Новогодишната турнеја „Четири скокалници“ која постои повеќе од 70 години со заедничка организација на Германија и Австрија, е најпознатиот спортски настан кој се одржува во деновите околу нова година, традицијално на 1-ви јануари натпреварот е во Гармиш Партернкихен, а вчера таму се соочија со необичен проблем.

И на најдобрите може да им се случи кикс, доказ е вчерашниот хаос кога група ски скокачи се заглавија во лифтот со кој се возат до залетиштето. Вратат никако не сакаше да се одглави, па квалификациите беа привремено прекинати, и можеби тоа придонесе некои од фаворитите да имаат послаби резултати.

Погледнете ТУКА како изгледаа обидите за одглавување на вратата од лифтот со кој се возеа ски-скокачите.

Денешниот натпревар почнува во 14 часот, а повторно главни фаворити за победа се Австријци и Германци.

- Оглас -

Најнови вести