Откако капитенот на Реал Мадрид, Начо, најави дека на крајот од сезоната си заминува од клубот, уште еден фудбалер со долг стаж кај „кралевите“ е на излезна врата од „Сантијаго Бернабе“.
Се работи за фудбалерот од средниот ред, Дани Себаљос, кој не е задоволен од минутажата која ја доби и сака да си оди. Сепак, тој има договор за уште една сезона, па доколку некој сака да го ангажира ќе мора и да плати обесштетување. Неговата моментална вредност според Трансфермаркет е осум милиони евра, а Реал Мадрид е расположен да го пушти за сума од 10 милиони евра.
Интерес за 27-годишниот фудбалер има од екипите на Атлетико Мадрид и Милан, но повеќе детали околу неговата судбина ќе се знаат после најавениот состанок кој ќе се одржи помеѓу него и неговите агенти и раководството на клубот.
Дани Себаљос во Реал Мадид пристигна во 2017-тата година од екипата на Бетис за 16.5 милиони евра, а од 2019-тата до 2021-вата беше позајемн во Арсенал.