По вчерашниот шокантен пораз на Аргентина од Саудиска Арабија, репрезентацијата на Бразил е уште поголем фаворит за освојување на светската титула на фудбалското првенство во Катар.
Досега не се случило да поминат повеќе од 20 години, а светски прваци да бидат репрезентации само од еден ист континент.
Бразил и Аргентина се главни кандидати за титулата од неевропските тимови, а сега е јасно дека поголеми шанси имаат Кариоките. Квотата за титула на Бразил пред првенството се движеше околу 6.00, беше и 6.25, а ако уплатите денеска, квотата за нивна титула е 4.00.
Сега и Франција и Англија се пред Аргентина. Ако верувате дека сепак Аргентина ќе стане шампион, денеска ви е шансата. Квотата во моментов е 9.00, но ако Аргентина го победи Мексико во второто коло, квотата сигурно ќе биде помала од 9.00.