Математичките пресметки за фудбалска аналитика ја сместуваат Македонија на второто место според процентите за освојување на првото место во групата од Лигата на нации од Лига Ц.
После македонскиот кикс на гостувањето кај Фарски острови, на Ерменците им се даваат 48, а на Македонија 42 проценти шанси за прва позиција во групата која носи директен пласман во поквалитетната Лига Б. Македонија има 36 отсто шанси да биде втора во групата, 16 проценти да биде трета, а 6 проценти последна во групата.
После утрешниот меч со Ермемија во Скопје овие проценти ќе се изменат, но ако не победиме, работата околу преселбата во Лига Б ќе биде многу посложена. Второто место во групата ни носи баражи со тимови од типот на Украина, Ирска, Норвешка или Исланд кои се трети во моментов во своите групи од Лига Б.