Најдобриот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, 2023 година ќе ја памети како една од најдобрите, ако не и најдобра во својата кариера. Србинот има 36 години и сите се прашуваат до кога тој ќе остане активен на тениските терени.
„Се надевам дека ќе можам да имам кариера која ќе достигне 40 години или уште повеќе, ќе видиме. Брејди е совршен пример за шампион во својот спорт, некој кој имал голема и долга кариера. Помина многу време грижејќи се за себе, закрепнувајќи, внимавајќи секој аспект од неговото тело и ум да бидат покриени за да може да има успешна и долготрајна кариера“, Ѓоковиќ.
Србинот е задоволен од 2023 година и не гледа причина зошто би одел во пензија кога игра одлично.
„Сезоната 2023 беше една од најдобрите во мојот живот. Зошто да престанете кога продолжувате да играте толку добро? Значи, ќе одам напред и ќе правам работи од година во година и ќе видам до каде можам да одам. Да се игра против Алкарас, еден од најдобрите играчи во светот, овде во Ријад, е неверојатно за спортот. Ова ја одразува зголемената популарност на тенисот во земјата. Тоа го симболизира растечкото присуство на земјата на светската сцена. Возбуден сум што Саудиска Арабија ги отвора вратите за најдобрите спортисти, уметници и бизнис лидери во светот“, додава Србинот.