Европската куќа на фудбалот, УЕФА, планира да ги зајакне безбедносните мерки на ЕВРО 2024 со цел да ги заштити фудбалерите од гледачите кои втрчуваат на терен.
Ова доаѓа откако вчера на натпреварот на Португалија против Турција, четворица навивачи влетаа на терен со телефони со намера да стигнат до Кристијано Роналдо и да се фотографираат со него, еден млад фан и успеа во тоа, а при обидот на еден редар да го фати натрапникот, го повреди португалскиот напаѓач Гонсало Рамос.
„Безбедноста на стадионот и на теренот е главен приоритет на УЕФА. Ќе преземеме дополнителни мерки за да се осигураме дека турнирот ги исполнува сите барања и дека такви инциденти нема да се повторат“, велат од УЕФА.