После партијата на кариерата, Јокиќ му гостува на Богдановиќ

Програмата во кошаркарската НБА лига почнува уште во 19 часот по македонско време со дуелот на Чикаго и Филаделфија, меч со кој се отвора богатата вечер со 12 натпревари, па доколку сакате да обложите на некои мечеви или играчи, тоа ќе треба да го направите порано.

После експлозијата од 56 поени што му е личен рекорд во НБА, Никола Јокиќ вечерва на полноќ со Денвер нагетс гостува кај Атланта хокс во чии редови еден од најдобрите е Богдан Богдановиќ, па ќе има дуел на двете најголеми српски ѕвезди. Јокиќ синоќа во Вашингтон можеби беше инспириран и од српската фолклорна група која играше оро во салата во Вашингтон, а останува да се види дали ќе има нешто слично и во Атланта.

Најуспешниот тим во лигата, Кливленд, кој има скор 21-3, има четири победи едноподруго, а петтата во низа ќе ја бара во Мајами. Интересно може да биде и во Лос Анџелес каде на Клиперс му гостува Хјустон во дуел на сегашниот и некогашниот клуб на Џејмс Харден.

- Оглас -

Најнови вести