После победа Мурињо е најдобар човек на светот, но кога ќе загуби…

Дефанзивниот играч за врска на Манчестер јунајтед Немања Матиќ се присети на времето кога на „Олд Трафорд“ главен тренер беше Жозе Мурињо. Србинот вели дека Мурињо имал две различни лица. Едното бил тоа убавото кое може да се види после победа на Црвените ѓаволи, а второто е тоа кога неговиот тим ќе загубел.

„Се зависеше од резултатот. Кога ќе победевме, немаше подобар човек од Мурињо. Но, кога ќе загубевме подобро да не му се појавуваш пред очи. Сите почнуваат да се кријат низ тренинг центарот. И покрај сѐ, тој е неверојатен тренер“, вели Матиќ, кој не заборави да додаде дека и Оле Гунар Солскјер е одличен тренер и дека се надева со норвешкиот стратег на клупата, Манчестер јунајтед ќе освои значајни трофеи.

Доколку се случи сезоната во Англија да продолжи, Манчестер јунајтед најголемиот успех што може да го направи е освојување на позиција која води место во Лигата на шампиони.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести