После полноќ се најавува нов бомбастичен трансфер во ПСЖ!

Пари Сен Жермен пред неколку денови го направи тоа за кое многумина мислеа дека е невозможно. Светците од „Паркот на принцовите“ успеаја да го доведат Лионел Меси од Барселона. Аргентинецот кој повеќе од 20 години помина во каталонскиот гигант, си замина како слободен играч за да дојде во ПСЖ, каде што во нападот ќе игра повторно со Нејмар.

Според најавите на „Ел Чирингото“, можно е да се случи уште еден бомбастичен трансфер, и тоа вечерва по полноќ. Се најавува доаѓање на Кристијано Роналдо.

Највата е дека Килијан Мбапе е незадоволен во ПСЖ по доаѓањето на Меси и побарал да замине во Реал Мадрид. Актуелниот договор на Мбапе со ПСЖ е до крајот на следната сезона, а тогаш му истекува и договорот на Роналдо во Јувентус.

За да успеат да земат пари од трансферите на овие ѕвезди, се очекува Реал да плати 150 милиони евра за да го доведе Мбапе, а една третина од тие пари, односно околу 50 милиони евра би биле потрошени за да се доведе Роналдо како замена во нападот. Ако тоа се случи, во офанзивниот дел на ПСЖ би биле Роналдо, Меси и Нејмар.

Останува да видиме колку е ова реално да се случи и дали се вистинити најавите во дел од медиумите.

 

- Оглас -

Најнови вести