По првите четвртфиналиња, квотите за освојувач на ЛШ доживеаја огромни промени (Фото)

Како и што можеше да се претпостави, резултатите од првите четвртфинални мечеви донесоа големи промени во квотите за освојувач на Лигата на шампионите во фудбал.

Пред мечот со Манчестер сити, Баерн беше трети фаворит за трофејот, а сега според квотите во обложувалницата Sport Life, Баварците се аутсајдери и квотата дека ќе станат европски прваци скокна на 30. Пред поразот од 0-3 во вторникот, квотата на Баерн беше 4.00.

Сити и понатаму е прв фаворит, квотата падна на 1.95, а падна квотата и на Реал Мадрид, кој сега е втор фаворит. Во полуфиналето, реално е да се сретнат Сити и Реал, што значи дека само еден од нив ќе биде финалист.

На другата страна од костурот, квотите се малку и изненадувачки. Квотите за Интер и Наполи се изедначија, за двата тима квотата сега е 8.00, а на Милан падна на 12.0, но Росонерите го победија Наполи со 1-0 и пак им се даваат помали шанси отколку на Наполитанците.

Пред мечевите вчера и завчера, квотите за Баерн, Наполи, Челзи и Бенфика беа помали, а за Сити, Реал, Милан и Интер поголеми. Сега има нова реалност, а за една недела ќе останат само уште четири тима во битка за трофејот.

 

- Оглас -

Најнови вести