Македонската фудбалска репрезентација на последните две гостувања на британскиот остров прими неверојатни дури 14 гола. Ако по седумката од Англија изговорот беше дека противникот е пресилен, овојпат тоа нема да помине.
Не бевме комплетни, но не беше ни Велс. Сепак, Велшаните беа мотивирани, ги користеа шансите и ни нанесоа тежок пораз кој долго ќе се памети.
Сега следува бараж во март и можеби е добро што нема да мора да играме со друга селекција од британскиот остров, каде што не ни одговараат тамошните ривали, Шкотска директно се пласира на СП, па можни ривали ни се Италија, Данска, Турција и Украина.

