После шест стативи, конечно даде гол од слободен удар (Видео)

Кристијан Ловриќ од хрватскиот тим Горица, денеска постигна гол од слободен удар на дуелот со Интер Запрешиќ, но главната вест е дека тој пред конечно да погоди, претходно имаше дури шест стативи и пречки во шутевите од слободен удар. Ловриќ и на дуелот со Интер истотака имаше еден шут при кој топката заврши во дирекот.

Овојпат наместо рамката на голот, Ловриќ ја затресе мрежата, па веќе нема да биде мета на сеирџиите. Малерот е разбиен и можеби сега почесто ќе дава вакви атрактивни голови.

Мечот на Горица и Интер заврши 2-2 (гостите изедначија во 84 минута), а 23-годишниот Ловриќ пред две недели го постигна својот прв гол во ХНЛ лигата. Ова е голот со кој Ловриќ вечерва го разби малерот:

https://www.youtube.com/watch?v=5sOLyAbAFIM

- Оглас -

Најнови вести