После три стативи, редно беше Динамо да даде и гол, стрелец македонскиот капитен

Македонскиот репрезентативен капитен, Стефан Ристовски, го даде голот со кој Динамо Загреб поведе со 1-0 во 35-та минута на градското дерби против Локомотива.

Пред да падне голот на нашиот десен бек, играчите на Динамо, меѓу нив и Стефан, трипати ја погодуваа стативата, а еден гол им беше и поништен по прегледување на ВАР снимка. Среќата им ги вртеше грбот, но малерот конечно беше разбиен.

За Ристовски ова е прв гол сезонава, а втор воопшто во дресот на Динамо.

 

- Оглас -

Најнови вести