Македонија губи со 15-18 по првото полувреме против Холандија во мечот од второто коло на Светското првенство во ракомет за мажи.
Македонските навивачи се потрудија ракометарите во бели дресови да се чувствуваат како дома. Во седмата минута за првпат еден од тимовите, за жал, тоа беше Холандија, направи два гола разлика, но се вративме, поведовме и 8-7 и продолжи да се игра гол за гол.
Во 23-тата минута беше 13-12 за Македонија, црвен картон доби Петар Атанасијевиќ, кој направи фаул при отворена контра на Холанѓаните. Тогаш дојде кризен период за нас во нападот и Холанѓаните по серијата од 5-0, се одлепија на 17-13, не помогна многу ни тајмаутот на селекторот Лазаров кога серијата беше 3-0. Овој период беше клучен за предноста на противникот, но остануваат уште 30 минути во кои ништо не е невозможно.