По вакви киксеви, Оконкво можеби никогаш нема да застане на голот на Арсенал (Видео)

Деби за заборав имаше Артур Оконкво, младиот голман на Арсенал. Тој доби прилика да брани на пријателскиот меч на Топчиите против шкотскиот Хибернијанс, но не ја искористи шансата која му ја даде менаџерот Микел Артета.

Оконкво имаше серија грешки, а врв беше неговиот кикс при голот со кој Хибернијанс поведе со 1-0. На крајот Арсенал загуби со 1-2.

Во 21-вата минута, на Оконкво му беше вратена топката, не смееше да ја фати со раце и се обиде да ја шутне со нога, но ја промаши и противниците дадоа гол. Оконкво имаше добри настапи за младинскиот тим на Арсенал и доби шанса да дебитира за сениорите, но по ова којзнае дали ќе дочека деби и на некој официјален меч.

- Оглас -

Најнови вести