После заминувањето на Вујошевиќ, Партизан никако да си најде соодветен тренер

Кошаркарскиот клуб Партизан ја прекина соработката со Словенецот Сашо Филиповски и неговиот прв помошник Бобан Митев, па екипата ја презеде Александар Матовиќ, кој ќе биде трети тренер на Црно-белите, откако сезонава ја почна Владо Шќепановиќ.

Европскиот првак од 1992 година, и клуб кој во 2010 година играше фајнал-фор во Евролигата, во последните години мака мачи со пронаоѓање на вистинско решение на тренерската позиција.

Нашинецот Филиповски како шеф на стручниот штаб на Партизан, имаше 12 победи и 14 порази.

Откако во 2015 година си замина успешниот и сакан од навивачите Душко Вујошевиќ, на клупата седнаа дури осум различни тренери. Најуспешен беше Италијанецот Андреа Тринкиери, кој за година и пол, освои два купа на Србија и еден Суперкуп во АБА лигата. Сезонава, клубот кој има најмногу титули во АБА, нема да игра ни плејоф, во Еврокупот играат прилично слабо, а не го одбранија трофејот во купот.

Партизан во Србија нема титула од 2014, а во АБА лигата од 2013 година. После Вујошевиќ, тимот го водеа Петар Божиќ, Александар Џикиќ, Мирослав Николиќ, Ненад Чанак, Шќепановиќ, Филиповски и сега ќе биде Матовиќ.
- Оглас -

Најнови вести