Последен ден од „нормалниот“ преоден рок, кои се можните „бомби“?

Вечерва завршува преодниот рок во најсилните лиги, а денеска е и последен ден за пријавување играчи за европските купови. Во некои земји, не од Топ-5 лигите, ќе може да се продаваат и да се купуваат играчи и подоцна, но тие би имале право на настап само во националното првенство, не и во ЛШ или ЛЕ.

Трансфер-прозорецот во Германија се затвора во 18, а во Италија во 20 часот. Во Англија, Шпанија и Франција може да се купуваат играчи до една минута пред полноќ. По 23.59 часот, завршува преодниот рок во Топ-5 лигите.

Денеска се најавува интересен ден во кој се можни трансфери, но и изненадувања.

Барселона е договорена со Мемфис Депај, но треба да се договори и со неговиот клуб Лион. Освен Депај, Каталонците може да го донесат и Ерик Гарсија од Манчестер сити, а да ги продадат или да ги позајмат Дембеле и Умтити. Се чека и официјализација на преминот на Единсон Кавани во Манчестер јунајтед, како и на Антонио Рудигер од Челзи во Милан, макар и на позајмица. Чекаме расплет и дали Стефан Ристовски и Александар Трајковски ќе останат во Спортинг Лисабон односно Мајорка.

Комплетиран е трансфер на Годфри од Норвич во Евертон, и на Матео Дармијан од Парма во Интер. Сесењон од Тотенхем е позајмен во Хофенхајм, додека ПСЖ ги привлече Моизе Кен и Данило Переира од Порто, како позајмени.

Во некои земји преодниот рок завршува подоцна. Во Холандија на 6 октомври, во Русија на 17 октомври, а во Португалија на 25.

- Оглас -

Најнови вести