Последен меч за Вардар пред својата публика во 2018

Ракометарите на Вардар од 20.15 часот против Татран Прешов го почнуваат последниот натпревар пред домашната публика за 2018 година. Тоа е меч од регионалната СЕХА-лига. Потоа, во понеделеник Вардар треба да одигра уште еден меч, гостување кај Стеауа во Букурешт.

Средбата е дерби, бидејќи Вардар е лидер, а Татран е трети. Словачкиот тим е сериозен кандидат за пласман на Ф4 турнирот. На првиот меѓусебен меч сезонава македонскиот тим победи на гостувањето со 27:26.

„Ни претстои нов натпревар во СЕХА против одлична екипа, која игра во Лигата на шампионите. Очекувам да биде тешко. Нашата цел е да победиме. Ни остануваат уште две средби во 2018 и очекувам да ги одработиме на потребното ниво”, вели тренерот Роберто Парондо, кој нема да смета на суспендираниот Глеб Калараш (доби црвен картон против Железничар).

Тренерот на Татран, Хрватот Славко Голужа, смета дека Вардар има одличен тим и ќе се потруди да извади максимум од неговите ракометари, без разлика со каков состав ќе се појават во „Јане Сандански“. Голужа верува дека нема да бидат потценети, а задача на тимот е да одигра солидно во сите 60 минути.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести