Последен обид на ПСЖ да го задржи Мбапе: Му нудат неверојатна плата

Челниците на Пари Сен Жермен уште не се предаваат и веруваат дека може да го задржат Килијан Мбапе во своите редови. Последните информации од „Ла Паризиен“ велат дека францускиот првак е подготвен да му даде нов двегодишен договор на Мбапе, според кој фудбалерот ќе заработи 80 милиони евра.

Мбапе е подготвен да си замине од ПСЖ во летниот преоден рок и да го облече дресот на Реал Мадрид. Според договорот што го нуди Кралскиот клуб, Мбапе годишно би добивал по 30 милиои евра, а сега ПСЖ наддава со годишна плата од 40 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести