Последен пат играа на Европско првенство заедно, сега едни против други ќе бркаат пласман на следното првенство

Најмголемо внимание, барем на балканските простори, вечерва привлекува дуелот помеѓу Црна Гора и Србија кој треба да се одигра во Подгорица. Двете држави немаат учество на Европско првенство како посебни држави, но последен пат играа во 2000 година, но како една држава – СР Југославија. Тогаш “југословените“ стигнаа до четврт-финалето, каде беа поразени од Холандија со 6-1.

Како што информираат црногорските медиуми, полицијата презема опсежни мерки да се спречат инциденти на денешниот натпревар. Целата околина на стадионот ќе биде снимана, а ќе бидат снимани и трибините, односно сите гледачи кои ќе присуствуваат на мечот.

Србија како апсолутен фаворит влегува во овој натпревар, пред се поради подобрата форма и одличните резултати во последниот период. Двете држави до сега имаат одиграно само два меѓусебни натпревари, на кои Србија забележа победа. Дуелите беа во рамки на “Ц“ дивизијата од Лигата на нации на УЕФА. Србија најпрво победи со 2-0 на гостувањето во Црна Гора, а потоа и дома со 2-1. Тие завршија на првата позиција во групата, а Црна Гора беше трета и не обезбеди промоција.

Квотата за победа на Србија во понудата на Sport Life е 1.75, додека доколку се одлучите да типувате на Црна Гора квотата е висока, дури 5.

Двете репрезентации квалификациите ги започнаа со победа. Црна Гора ја совлада Бугарија на гости, додека Србија на домашен терен славеше над Литванија.

- Оглас -

Најнови вести