Последен пат кога толку многу ги миев рацете во еден ден, имав видео-касета со порно филм

Голем дел од странските спортисти ја напуштија Италија откако целата земја е ставена во карантин поради коронавирусот, но има и такви кои останаа таму. Еден од нив е американскиот кошаркар Адријан Бенкс, кој игра прволигашот Бриндиси.

Бенкс често ги известува своите фанови преку „Твитер“ социјалната мрежа, а овојпат одлучи да се пошегува иако ситуацијата во Италија е алармантна.

„Последен пат кога морав толку често да ги мијам рацете во еден ден, за првпат имав видео-касета со порно филм“, напиша Бенкс на „Твитер“, додека напоредно ги почитува правилата и е во домашна изолација.

- Оглас -

Најнови вести