Последици од Ковид-19? Во Англија прекинати дури три меча поради здравствени проблеми на навивачи

Медицинските екипи на стадионите во Англија имаат необично многу работа сезонава. За среќа, засега немало смртен случај да почине навивач на трибините, но загрижува бројот на срцеви удари на фанови по стадионите во последните месеци.

Попладнево од 16 часот, во Англија се играат над 100 натпревари од пониските лиги, а на дури три, имаше интервенции на лекарските тимови, кои спасуваа навивачи. На дуелот Фулам – Блекпул, на кој откако Александар Митровиќ погоди за 1-0 десет минути подоцна навивач на Фулам колабираше, прекинот траеше дури 42 минути.

Прекини имало и на Олдам – Рочдејл од Лига 2 и на дуелот Вајкомб – Милтон Кејнс Донс од Лига 1.

- Оглас -

Најнови вести