Последна проверка за Србија и Белгија пред настапот на СП во Катар

6768 Белгија – Египет (16.00 часот)

Фудбалските експерти ја гледаат селекцијата на Белгија како еден од фаворитите од сенка за триумф на Светското првенство. Црвените ѓаволи последниот контролен натпревар пред настапот на Мундијалот во Катар ќе го имаат против Египет. Селекторот на Белгија, Роберто Мартинес, ќе го искористи овој натпревар да им даде шанса на сите фудбалери на кои ќе смета на Мундијалот, додека Египет треба да го предводи Мохамед Салах, што е гаранција за голови.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.80)

 

6766 Бахреин – Србија (16.30 часот)

Србија својата последна контрола пред СП ќе ја игра против Бахреин. Селекторот Драган Стојковиќ Пикси има проблеми со повредите на двајцата главни напаѓачи, Душан Влаховиќ и Александар Митровиќ, кој најверојатно нема да биде подготвен за првиот меч од СП против Бразил, па последата проверка сигурно ќе ја искористи за да го одреди тимот со којшто ќе настапи против Кариоките. Исто така, дуелот со Бахреин треба да му покаже на Пикси кој би му бил партнер во нападот на Влаховиќ. Србија е голем фаворит и на овој меч се очекува триумф со кој би се кренала атмосферата пред натпреварот со Бразил во првото коло на СП.

Предлог тип: Т2 2+ II (2.80)

 

1572 Балимена – Линфилд (20.45 часот)

Првенството на Северна Ирска ќе биде едно од ретките кое ќе се игра додека трае Светското првенство во Катар. Балимена и Линфилд во 2022 година играа трипати и на сите три меча славеа гостите. Сезонава веќе одиграа еден натпревар кој заврши со убедлив триумф на Линфилд од 0:4, додека на почетокот од годината, гостите славеа со 2:0 и 1:0. И двете екипи во овој натпревар влегуваат со победи од претходното коло и за очекување е стрелците на двете екипи да не ги разочараат навивачите.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.78)

 

1024 Портсмут – Дерби каунти (21.00 часот)

Ова е дуел на поранешни премиерлигаши кои сега играат во третата по квалитет лига во Англија со амбиции да одат еден ранг погоре. Портсмут останува доследен на традицијата од времето кога настапуваше во Премиер лигата, игра цврст фудбал, а слично е и со Дерби каунти – и двете екипи малку даваат и примаат голови. И Портсмут и Дерби каунти се во серија од четири меча без пораз, а домаќинот во 16-те меча има дури седум нерешени резултати и тешко губи (2 порази). На последните шест меѓусебни меча во кои Порстмут бил домаќин, само на еден загубил.

Предлог тип: 1Х & 0-3 (1.84)

 

1927 Белинцона – Тун (20.15 часот)

Двата тима играат во променлива форма во првиот дел од сезоната во втората швајцарска лига и имаат победнички и губитички серии.Тун во претходното коло ја прекина серијата од шест меча без победа откако славеше со 2:1 над Шафхаузен, додека одигра 1:1 на гости против Лозана. И двата тима не постигнуваат многу голови, а се очекува Белинцона вечерва да ја искористи предноста на домашниот терен и да остане непоразена.

Предлог тип: 1Х & 0-3 (2.45)

- Оглас -

Најнови вести