Последна шанса за Бостон, во Сент Луис веќе се подготвува шампионско славје

Сент Луис блус – Бостон бруинс (02 часот – Финале НХЛ лига, шести натпревар. Сент Луис води 3-2)

Ова е последна шанса за Бостон да остане во игра за шампионската титула, односно Стенли купот. Блус пред две ноќи триумфираа во Масачусетс и поведоа со 3-2 во серијата, па сега пред своите навивачи со победа можат да ја донесат првата историска титула на оваа франшиза.

Никогаш претходно Сент Луис не бил во ваква поволна позиција, а досега губеле три финалиња. Ако нешто научивме од оваа финална серија, е дека двете екипи можат да обезбедат победи и дома и на гости. Бостон еднаш го стори тоа, а сега цели повторно на триумф далеку од својот дом.

Предлог тип: >5.50 (2.20)

 

Флуминенсе – Фламенго (00 часот – Серија А Бразил, осмо коло)

Ривалство кое трае повеќе од еден век, а секогаш е спектакл во Бразил кога ќе се сретнат Флуминенсе и Фламенго. На секој меч се очекуваат повеќе од 90.000 гледачи, па затоа ова дерби е меѓу најжешките на јужноамериканскиот континент.

Во воведниот дел од сезоната, двете екипи се во сосема различни позиции. Фламенго е на петтата позиција со 13 бода по седум меча, Флуминенсе непланирано тоне кон дното и досега запиша само две победи, останатите пет меча ги загуби. Иако Флуминенсе доби три од петте последни меѓусебни средби против Фламенго, денешните гости победија на последното гостување на „Маракана“ во Рио со конечни 2-1, така што знаат што значи да се расипе славењето на домашните навивачи.

Предлог тип: X2 & 2-3 (2.38)

 

Мексико – Еквадор (01 часот – Пријателски натпревар)

Двете селекции во Арлингтон, Тексас, ќе ги одмерат силите како загревање за следните турнири. Мексико на 16 јуни го започнува настапот на Златниот куп на Централна и Северна Америка, додека Еквадор еден ден подоцна ги започнува обврските на Копа Америка.

Ова ќе биде добар тест за двете репрезентации, особено за Еквадор бидејќи против Мексико има само една победа во последните пет меча. Мексиканците ги добија останатите четири, а во овој дуел влегуваат со форма од три последователни победи во пријателските средби Чиле, Парагвај и Венецуела.

Предлог тип: 1X & 3+ (2.45)

 

Eстудијантес Мерида – Карабобо (01 часот – Венецуела Прва лига, плејоф полуфинале, прв натпревар)

Поголем притисок влијае врз домаќините бидејќи против Корабобо немаат остварено победа од 2015 година. Цели четири години Корабобо доминира во меѓусебните дуели и планира да го продолжи тоа. Првиот полуфинален може да биде клучен и за двете екипи за пласманот во финалето.

Треба да се знае дека двете екипи влегуваат со одлична форма. Естудијантес е непоразен во 10 последователни средби, додека Карабобо 13 меча не знае за разочарување.

Предлог тип: ГГ3+ (2.80)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести