Последна шанса за Челзи да ја спаси сезоната, Бриж бара чудо против Бенфика

Вечерва со мечевите од 21 часот почнува новата чистка во Лигата на шампионите, два осминафиналисти ќе бидат во аут, а два одат во четвртфинале.

Челзи во Лондон ја пречекува Борусија Дортмунд во реваншот откако првата средба заврши со 1-0 за германскиот тим. За Сините кои потрошија огромни суми на пари за засилувања, ова е единствена шанса да се постигне нешто значајно сезонава. Во прилог им оди дека четири пати од последните седум случаи кога губеле на гости во првиот меч од нокаут фаза, Челзи одел понатаму.

Проблем за Челзи е што на гости им доаѓа еден од тимовите кои се во најдобра форма во Европа. Борусија има десет победи по ред, ги доби сите мечеви после Мундијалот во Катар. Овој клуб од 2017 наваму само еднаш бил четвртфиналист во ЛШ, а ги загуби последните пет европски гостувања против екипи од Лондон.

Бенфика како гостин го победи Бриж со 2-0, па Португалците се големи фаворити за пласман меѓу осумте најдобри, на тимот на тренерот Скот Паркер ќе му треба чудо за да ги елиминира Орлите.

Бенфика е на пат да ја освои титулата во Португалија, а блиску е и до успехот две сезони по ред да биде четвртфиналист во ЛШ. Од 2020 година наваму, само Баерн и Ливерпул како гости победиле на „Луж” и тоа не му дава повод за оптимизам на Бриж.

Ако даде гол, Жоао Марио ќе се изедначи со славниот Еузебио со погодоци на пет меча по ред во најсилното европски клупско натпреварување.

Во составот на Бриж е поранешниот играч на Бенфика, Роман Јаремчук.

 

- Оглас -

Најнови вести