26.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Последна шанса за фудбалерките да освојат бодови во Лигата на нациите

Женската фудбалска репрезентација на Македонија денеска во Софија од 16 часот ќе игра против Бугарија во рамките на четвртото коло во Лигата на нациите во дивизијата Ц.

Ова е последна шанса за избраничките на селекторот Кирил Изов да дојдат до бод бидејќи загубија во претходните три меча. Косово двапати ги совлада фудбалерите (3:1 и 2:0), а Бугарија славеше со минимални 1:0 во Скопје.

Квотите се против фудбалерките, 1.33 изнесува коефициентот за триумф на Бугарија, а 7,75 за победа на Македонија.

- Оглас -

Најнови вести