3.8 C
Skopje
недела, 22 февруари 2026

Последна шанса за Јувентус: Влаховиќ за 20 милиони евра ќе се пресели во Премиер лигата?!

Познато е дека договорот на Душан Влаховиќ и Јувентус завршува налето и Србинот ќе биде слободен агент да си бара нова фудбалска средина. Напаѓачот на Старата дама јавно изрази желба да ја продолжи кариерата во Премиер лигата, а сега се чини дека тоа и ќе му се оствари.

Задоволни од евентуалниот трансфер ќе бидат и во Јувентус, бидејќи не само што ќе се ослободат од фудбалерот за кого платија речиси 90 милиони евра, туку и одредена сума ќе влезе во нивната каса.

Ливерпул замената за повредениот Александер Исак ја гледа токму во српскиот репрезентативец, а Влаховиќ нема ништо против да ја продолжи кариерата во дресот на актуелниот шампион на Англија.

Црвените подготвуваат понуда од 20 милиони евра за Јувентус, а според првичните информации од Италија, раководството на Старата дама со задоволство ќе ја прифати ваквата понуда.

- Оглас -

Најнови вести