Калгари флејмс – Колорадо аваланш (04 часот)
Речиси никој не очекуваше дека Калгари ќе се најде во ваква ситуација уште во првата фаза од разигрувањата. Хокеарите на Колорадо не се уплашија од најдобриот тим од Западот, па сега се на прагот од големо изненадување.
Иако Калгари немаше проблеми со Колорадо во регуларниот дел, тоа не е случај во оваа серија. За да се вратат во игра, ноќеска им е потребна победа, во спротивно, нивниот сон за „Стенли“ купот ќе заврши.
Предлог тип: 1 (2.0)
Бостон бруинс – Торонто мејпл лифс (01 часот)
Бостон направи „брејк“ во претходниот меч и израмни во серијата против Торонто на 2-2, а сега на домашен терен имаат шанса да дојдат до прво водство и да бидат на чекор од пласман во следната рунда. Јасно беше дека од оваа серија нема лесно да се добие победникот, Торонто може пак да изненади во „ТД Гарден“ како што направи во првиот меч.
Во сите четири претходни средби се постигнаа барем по пет гола, додека последниот беше најефикасен со конечни 6-4 во корист на Бостон, така што можно е и ноќеска да одиграат нов ефикасен меч.
Предлог тип: >6,50 (2.35)
Демиен Лилард (Оклахома сити тандер – Портланд трејлблејзерс; Трет натпревар, 03:30 часот – Портланд води 2-0)
Лилард во претходни два меча беше на граница да го надмине просекот во вкупниот учинок на поени, скокови и асистенции. Ѕвездата на Портланд е меѓу најзаслужните за ова водство од 2-0 во серијата против Оклахома, во моментов Лилард игра толку добро што сака да покаже дека е подобар плејмејкер од Расел Вестбрук, неговиот ривал во оваа рунда.
Тандерси со сите сили ќе се обидат да ја вратат неизвесноста во серијата, имаат две шанси на домашен терен за такво нешто, но ќе треба да најдат начин како да го спречат разиграниот Лилард.
Предлог тип: Д. Лилард >39,50 тотал поени+скокови+асистенции (1.95)
Кајри Ирвинг (Индијана пејсерс – Бостон селтикс; Трет натпревар 02:30 часот – Бостон води 2-0)
Седум асистенции се просек на Ирвинг во оваа серија против Индијана, а таа граница е предвидена за него и во третиот меч. Со тоа што Ирвинг одлично ги разработува своите соиграчи, значи дека „келтите“ се опасни во повеќе сегменти, и не се потпираат само на поените на нивниот плејмејкер.
Ќе биде потребно ново расположено издание на Ирвинг за Бостон да поведе со 3-0 во оваа серија и веќе да крои планови за следната рунда.
Предлог тип: К. Ирвинг >6,50 aсистенции (1.85)
Орландо меџик – Торонто репторс (Трет натпревар, 01 часот – Серијата е израмнета на 1-1)
Торонто се врати во игра по изненадувањето во првиот меч, па сега посакуваат да им ги поматат сметките на Орландо и тоа пред нивни навивачи. Сепак, екипата од Флорида покажа нема лесно така лесно да ја препушти серијата на Репторс, па затоа тешко е да се предвиди победник на овој дуел.
Она што се знае досега е дека ниту Торонто ниту Орландо не постигнуваат повеќе поени од што треба, па затоа може и во третата пресметка да не биде надмината границата во вкупен број на поени.
Предлог тип: <210,50 (1.90)