Последна шанса за последната Спортска прогноза за оваа година

Како никогаш досега Спортска прогноза е фокусирана само на еден дел од Европа, а тоа е Островот. На „Среќна 13-ка“ има 12 меча од англиските првенства, плус едно од најстарите дерби во светот, меѓу Селтик и Глазгов Ренџерс во Шкотска.

Со ова 17-то коло, завршува првиот дел од сезоната на Спортска прогноза, а потоа следи една недела пауза, за да возбудувањата продолжат со колото кое ќе започне на 11 јануари 2020 година. Од мечевите кои се на понудата, покрај Олд Фирм дербито во Глазгов, секако многу ќе биде интересно и неизвесно на дуелот меѓу лондонските ривали Арсенал и Челзи. Микел Артета и Френк Лампард како играчи беа ривали на теренот кога играа овие две екипи, а сега се предводници од клупата.

Манчестер јунајтед гостува кај Барнли, а има и неколку интересни меча кои се од Чемпионшип во Англија. Едноставно, тоа се 13 меча на кои доколку успеете да погодите како ќе завршат „1Х2“, може да ви донесат мобилен телефон IPhoneXS. И со промашени еден или два пара, може да се добијат вредносни ваучери во Sport Life од по 1.000 и 500 денари.

Немојте да го пропуштите ова коло, бидејќи константноста е секогаш важна за Генералниот пласман. Завршете ја успешно 2019 година на Спортска прогноза, а потоа очекувајте ги новите возбудувања во 2020 година.

- Оглас -

Најнови вести