Челниците на Формула 1 потврдија дека трката за Големата награда на Абу Даби, со која ќе заврши сезоната, не е во опасност од откажување и таа ќе се вози во предвидениот термин.
Оваа потврда на првите луѓе на Ф1 доаѓа по шпекулациите на социјалните мрежи дека трката со која треба да се затвори сезоната ќе биде откажана, и тоа поради војната која се случува меѓу Израел и Палестина.
Според ова, Ф1 шампионатот ќе заврши со викендот во Абу Даби, кој ќе биде од 24 до 26 ноември. Нема многу драма во Ф1 првенството затоа што Макс Ферстапен доминира со 16 победи од 19 трки сезонава и во голем стил стигна до третата светска титула. Со доминацијата на Ферстапен, продолжи и доминацијата на Ред Бул кај констукторите, но сепак најважно е да се запази распоредот и сезоната да заврши како што првично беше планирано, а тоа е на трката во Абу Даби во финишот на овој месец.